АМСМ НОВОСТИ

Повикајте ПОМОШ НА ПАТ ИЛИ ШЛЕПУВАЊЕ, 365 дена во година, 24/7

Во случај на било каков дефект на територијата на Р. Македонија или било каде во Европа, кој може да се отстрани на самото место (помош на пат), но и во случај на потешки дефекти или сoобраќајни незгоди за кои е потребен пренос на возило (шлепување), 365 дена во година, 24/7 повикајте:

196 (и за повик од фиксен и за повик од мобилен телефон) ако се наоѓате на територијата на Р. Македонија или 
+389 2 3181 196 ако се наоѓате надвор од Македонија. 

Притоа, услугите шлепување и помош на пат на територијата на Р. Македонија, но и било каде во Европа, зависно од типот на членскиот пакет, се бесплатни за АМСМ членови.

Прочитајте повеќе за АМСМ членските пакети тука.