НАСТАНИ

Кампања „Ги возиме одговорните“ за безбедност во сообраќајот

Во текот на месец мај, 2018 година сме дел од кампањата „Ги возиме одговорните“ со поддршка на град Скопје и РСБСП.

„Ги возиме одговорните“ е кампања за безбедност во сообраќајот во организација на www.restorani.mk, во која се вклучени такси компании и ресторани од Скопје.

Целта на кампањата е да се мотивираат граѓаните да бидат одговорни кога посетуваат ресторан и конзумираат алкохол, односно да не управуваат со моторно возило. Како награда за тоа ќе добијат гратис ваучер за такси возење во износ од 100 денари. Со секоја он-лајн резервација направена преку www.restorani.mk гостите ќе добијат ваучер во ресторанот.

Кај граѓаните ќе се подигне свеста да не управуваат со моторно возило под дејство на алкохол, а со тоа да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди. Со оваа кампања сакаме да ги потикнеме возачите во метрополата да стекнат навика за користење јавен превоз кога конзумираат алкохол.

 

Официјалните фотографии може да ги видите тука.