НАСТАНИ

Одбележување на „Денот на возачите“ 31.03.2017

На 30 март 2017 од 10.00 до 12.00 часот, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец беше одбележан 31 Март – „Денот на возачите“. 

Во рамките на одбележувањето на Денот на возачите, кој беше во организација на 1. механизирана пешадиска бригада, беше одржано предавање од страна на претставници од Авто -Мото Сојуз на Македонија (АМСМ) и Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Исто така, беше презентирана надгледна вежба со одредени армиски м/в во екстремни теренски услови и пригоден коктел на организаторите на активноста и претставниците на АМСМ и РСБСП.

 

Одбележувањето на Денот на возачите го отвори командантот на бригадата, Бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.

Претставниците, м-р Росана Јанков од АМСМ и м-р Ристо Манчев од РСБСП, пред околку 90 професионални возачи – возачи од повеќе единици на АРМ од гарнизонот Скопје и Петровец, одржаа предавање на тема: „ Безбедност во јавниот сообраќај “. По предавањето, пред претставниците на АМСМ, РСБСП и војниците возачи на АРМ беше изведена мала вежба во движење на одредени армиски м/в во екстремни теренски услови. По завршувањето на вежбата, на најуспешните возачи од единицата во 2016 година, им беа доделени одредени признанија и награди.

 

Фотографии од одбележувањето можете да видите тука.