НАСТАНИ

Промоција на АМСМ Europe Premium членство во Тетово 08.07.2017

На 8 јули (сабота) во кафе барот „Simple Café“  во Тетово, АМСМ во соработка со АМД „Тетово“, го промовираше  АМСМ Europe Premium членството.

 

Во текот на промоцијата, водителката Лила Филиповска, на свој препознатлив начин и низ дружба и лични искуства на Тетовчани им ги презентираше многуте привилегии  од  АМСМ Europe Premium членството: бесплатна помош на пат или шлепување во Македонија и Европа, хотелско сместување и покривање на патни трошоци, SyC! попусти во Европа,  АМСМ Партнер попусти во Македонија, и секако специјалниот попуст за АМСМ членови од 20% на технички преглед во двете станици на АМД „Тетово“, лоцирани во Тетово и с.Долно Палчиште.

 

Тетовчани се забавуваа, се информираа, а голем дел од нив станаа и АМСМ Europe Premium членови уште во текот на промоцијата.

 

Фотографии од одржаната промоција можете да видите тука.