Новости

Членското списание „АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ“ го прославува својот 10 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

Со издавање на 100-тиот јунски број, членското списание „АМСМ Клуб Мобилити“ го прославува своето 10. годишно постоење.

 

„АМСМ Клуб Мобилити“ се издава во 4 печатени и 6 електронски верзии во текот на годината, кои се доставуваат на домашна и електронска адреса на секој АМСМ член.

 

Списанието обработува теми од сообраќајот, авто-мото спортот и новости од областа на автомобилизмот, а препознатливо е по објавување на ексклузивни совети и тестови од доменот на безбедноста во сообраќајот, како што се тестовите на детски седишта, тестови на летни и зимски гуми, тестови на кациги за велосипедисти и моторциклисти, тестови на безбедносни ремени... кои ги изведуваат странските авто-мото туринг клубови, членки на FIA.

 

Прочитајте го последниот јубилејен број на „АМСМ Клуб Мобилити“ тука и како наши АМСМ членови очекувајте го истиот на вашата домашна адреса.

 

Фотографиите од одбележувањето на 10. годишниот јубилеј на АМСМ Клуб Мобилити можете да ги видите тука