 |
Помош на пат |
|
|
|
|
|
Помош на пат, во случај на дефект и имобилизација на Вашето
возило, 24 часа на ден со повикување на Алармниот центар (196).
|
|
|
|
|
|
|
Помош на пат, услугата вклучува асистенција на стручно
квалификуван механичар на самото место на настанот во случај на дефект на
возилото. Услугите вклучуваат замена на резервно тркало, дотур на гориво, дотур
на масло и на течност во системот за ладење, поправка на електронските системи
за осветлување и други услуги кои овозможуваат понатамошно патување. |
|
|
|
|
|
Возилата за помош на пат на АМСМ се опремени со најсовремена опрема за отстранување на повеќе од 50 видови дефекти. Една од главните новини е имплементирањето на опрема за изведување на компјутерска дијагностика (On-board diagnostics) на самото место на настанот, со цел отстранување на можните грешки во компјутреските системи на новите возила.
|
|
|
|
|
|
|
Повикајте 196 и подгответе ги следниве информации:
1) Членската картичка (членски број, име и презиме)
2) Точен опис на локацијата каде што се наоѓате
3) Податоци за возилото (марка, тип, бр. на регистрација)
4) Приближен опис на видот на дефектот |
|
|